Ериксен го „откачил“ Манчестер Јунајтед

166

Халфот на Брентфорд Кристијан Ериксен го одбил предлогот од страна на Манчестер Јунајтед да биде нивен играч наредната сезона. Договорот на Данецот со „пчеличките“ истекува и тој ќе биде слободен фудбалер. Од „Олд Трафорд“ сакале да потпишат со него за да ја затворат дупката на средината на теренот која се направи по заминувањето на Пол Погба, Немања Матиќ и Хуан Мата, меѓутоа очигледно Данецот има поинакви планови, пренесува „Атлетик“.
Причината е што играчот сакал да остане во Лондон каде што се чуствува добро, па поради тоа остануваат две опции за продолжување на кариерата. Едната е да потпише нов договор со Брентфорд и да остане во тој клуб, а другта опција е да се врати во Тотенхем.

ПретходноФенербахче го именува Итудис за нов тренер
СледноФИФА направи план за борба против навредите на социјалните мрежи!