Иван Ивановски уште две години во Тиквеш

857

Стандардниот крилен напаѓач на тимот на Тиквеш во изминатиот период, Иван Ивановски ја продолжи соработката со овој клуб на уште две години, јавуваат од Кавадарци.

Екс македонскиот младински репрезентативец и натаму ќе ја има довербата од стручниот штаб на чело со трнерот Влатко Костов, како и на управата на клубот која за следната сезона има визија за далеку поквалитетен Тиквеш.

Се оди во таа насока, клубот се консолидира, тимот се надополнува со новитети, а што се однесува до атмосферата и публиката, во Кавадарци тоа никогаш и не било тема. Кавадарчани тоа го покажаа на секој дуел од изминатата сезона кога редовно ги полнеа трибините на гратскиот стадион.

 

ПретходноКоларов ја заврши играчката кариера и ги откри идните планови
СледноШкупи загуби од Тирана