Актуелниот бранител на титулата во Мото ГП шампионатот, Фабио Квартараро е победник на трката за Големата Награда на Германија која што се возеше на патеката Сахсеринг. По девет години едноподруго победи на Марк Маркез конечно некој друг возач се радуваше на оваа патека. Тој во моментов е повреден, се опоравива од операцијата на раката, па Квартараро денеска имаше отворен пат за триумф.
За Квартараро ова беше трета победа сезонава, а вкупно 12 во „кралската класа“, а место на победничкиот подиум обезбедија уште и Жоан Зарко од Прамак Дукати и возачот на фрабричкиот тим на Дукати, Џек Милер.
Absolutely untouchable from the start 🥇@FabioQ20 wins the #GermanGP 🇩🇪 pic.twitter.com/mDU7nSwTyy
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 19, 2022