Со месеци се веруваше дека Ренато Санчез ќе го засили Милан, но новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос ја сврте ситуацијата.
Францускиот првак влезе во трката заедно со Милан и нуди многу повеќе пари за неговиот потпис. Досега Милан нема испратено понуда поголема од 15 милиони евра, додека ПСЖ е подготвен да плати 20 милиони евра и бонуси. Исто така, ПСЖ на Ренато и нуди плата од пет милиони евра по сезона и дополнителни бонуси, а Милан „само“ три и пол.
Санчез има договор со Лил до 2023 година, затоа е на продажба, а Луис Кампос е добро запознаен со неговите квалитети, бидејќи токму тој го донесе во Лил.
За потсетување дека Милан Шкринијар е прва желба за стоперска позиција, ПСЖ преговара со Интер, што докажува дека навистина има добар план за следната сезона.