Освојувачот на Купот на Македонија, Македонија Ѓорче Петров го продолжи договорот со десниот бек Стефан Лазаревиќ. Тој на почетокот на минатата сезона дојде во матичкиот клуб како слободен играч откако го напушти Вардар, а имаше добра сезона поради што раководството му даде нов договор до јуни 2023 година.
Лазаревиќ кариерата ја почна во Македонија ЃП, а потоа играше за Скопје, Гостивар, Тетекс, Борец и Вардар.
Инаку тој е третиот фудбалер на Македонија ЃП во последните два дена кој добива нов договор. Вчера продолжување на соработката потпишаа дефанзивецот Есмин Личина и голманот Стефан Тасев.