Поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе е нов тренер на австрискиот тим Алтах, соопштија од клубот. Клосе кој постигна 71 гол во 137 натпревари за Германија, работеше како помишник во националниот тим од 2016 до 2018 година, а потоа отиде да работи како тренер на младинските категории на Баерн Минхен. Потоа една сезона му беше помошник на Ханси Флик во најсилниот тим на Баерн.
Алтах заврши на последното 12-то место во регуларниот дел од сезоната во австриското првенство, но во плеј-офите успеа да се спаси од испаѓање на сметка на Адмира Модлинг.
„Уште во првиот момент кога дојдов овде почувствував дека сум на вистинското место. Првите разговори со шефовите беа многу позитивни и во ниту еден миг не се посомневав во одлуката“, изјави Клосе.
Клосе останува најдобриот стелец во историјата на Светските првенства пред бразилскиот Роналдо.
Ooooft, I might need to change my favourite side in Austria from SV Ried to Altach. Miroslav Klose new HC! https://t.co/MWnsO73iwZ
— Sorare On A Budget (@SorareOnABudget) June 17, 2022