Навивачите на Кјелце го „запалија“ Келн (ВИДЕО)

356

Келн дише во ритамот на ракометот, денеска е последниот ден од фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Денеска се игра големото финале, во „Ланксес Арената“ која е целосно распродадена, за тронот ќе се борат Барселона и Кјелце, дуелот е закажан со почеток 18 часот.

Од утрово во Келн се пее, улиците се полни со навивачите на сите тимови кои се дел од ова ракометно лудило. Најбројни се оние на Веспрем и на Кјелце. Полските фанови се најдоа во центарот на вниманието, тие го обоија градот во жолта боја, ги освојуваат срцата и на оние кои не се љубители на ракометот.

Кој бил во Келн, добро знае за каков незаборавен ракометен викенд станува збор, особено ако омилениот тим го освоил пехарот.

ПретходноФИФА направи план за борба против навредите на социјалните мрежи!
СледноПалоси е победник на ИТФ турнирот во Скопје