Одлучи пенал – серијата: Кил го победи Веспрем во „утешното финале“!

116

Кил е трет во Европа, тимот од Германија го победи Веспрем во битката за третото место на годинашниот Ф4 денеска во „Ланксес Арената“ во Келн и тоа по подобро изведување на седмерците, ако се знае дека по 60 минута резултатот беше 34:34. Германскиот тим реализира три седмерци, додека Веспрем само еден и така по четвртата серија се беше решено.

Треба да се каже дека Веспрем подобро го отвори овој натпревар. Во првата фаза од мечот имаше постојано водство, но разликата беше мала а Кил се обидуваше во секој случај, не моменто и успеваше да фати прклучок. И така беше се до втората фаза од првиот дел кога унгарскиот тим одигра далеку поодбро и почна да прави осетна разлика, па така на пауза се замина со резултат 14:18 за Веспрем.

На почетокот од второто полувреме Кил како да тргна поагресивно, имаше добри акции и голови, во 37.минута разликата беше само два за Веспрем, а во тие моменти Коралец беше одличен на голот на Унгарците. Да не беше тој “зебрите“ можеа и да израмнат. Сепак две минути подоцна Веспрем одново имаше предност од четири голови во битката за третото место.

И така беше се до 50.минута од овој меч кога Кил стигна само на -1 гол, и двете екипи играа без некоја посебна одбрана, а тоа повеќе го искористија ракометарите на Кил кои во 51.минута израмнија на 30:30. Две минути потоа дојде до водство со 32:31. Кил влезе во серија.

Веспрем одговори со два гола и водство со 33:32 и тоа 2,5 минути до крајот.

Драматичен финиш во овој натпревар.

На 40 секунди до крајот Екберг донесе предност на Кил од седмерец, за да во последните секунди Веспрем врати исто од седмерец преку Мае за конечни 34:34, по што се замина на изведување на пенал серија во која Кил беше поуспешен.

ПретходноШкупи загуби од Тирана
СледноГи “откачил“ Катарците: Зидан и дефинитивно нема да биде тренер на ПСЖ!