Второлигашот Охрид по тешката борба за опстанок замина на заслужен одмор. Додека играчите се на одмор, управата на тимот објави дека работи со полна пареа пред стартот на новата сезона.
Според најавите, „рибарите“ ќе се засилат со три нови играчи. Дресот на Охрид во период од една година ќе го носат крилниот напаѓач Дарко Размоски, левиот бек Хадис Таири, које и младински репрезентативец до 18 години, како и играчот за врска Мирлинд Даути.
Охрид им се заблагодари за досегашната соработа на Игор Клечакароски, Саше Шопоски, Марко Стојчески, Ромео Кочоски.