Палоси е победник на ИТФ турнирот во Скопје

122

Со конечни 2:1 во финалниот дуел по сетови  6:4, 1:6 и 6:3, романецот Стефан Палоси е победник на ИТФ турнирот во Скопје кој се играше за награден фонд од 15.000 долари. Тој во финалниот дуел го совлада фаворизираниот Орландо Луз од Бразил кој иако беше рангиран како прв носител сепак, ниту во својот втор обид во Скопје не успеа да стигне до трофејот.

Во голема битка која траеше речиси два часа, Палоси успеа да обезбеди триумф и да освои значајни бодови за што подобар пласман на АТП листата.

 

ПретходноНавивачите на Кјелце го „запалија“ Келн (ВИДЕО)
СледноШкендија подготвува мега трансфер: Влатко Стојановски се враќа во Тетово