Познати термините и сатниците за евро – мечевите: И “пандевци“ ќе играат на ФФМ!

1014

Шампионите и Лигата на Конференции во 1.коло ги дознаа своите ривали, а сега се познати официјалните термини и сатници на нивните мечеви.

Шкупи на стартот во квалификациите во ЛШ го очекува двомеч со Линколн од Гибралтар. Првиот меч се игра во Скопје на 5 јули и тоа на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот.

Реваншот се игра на 12 јули во Гибралтар на “Викторија стадионот“ со почеток од 18 часот.

Академија Пандев во 1.коло во квалификациите во ЛК игра со Лехиа (Полска). Првиот меч се игра на 7 јули во Гдањск и тоа во 20 часот, додека реваншот се игра во Скопје седум дена подоцна и тоа на теренот на ФФМ на комплексот “Петар Милошевски“ со почеток од 17 часот. Барем така пишува на УЕФА сајтот.

Шкендија првиот меч против Арарат (Ерменија) во 1.квалификациско коло во ЛК ќе го игра во Скопје на 7 јули на Националната Арена “Тодор Проески“ со почеток во 20 часот, додека реваншот се игра на 14 јули во Ерменија со почеток во 17 часот.

Македонија ЃП ова лето тргнува од 2.квалификациско коло во ЛК. За ривал го има тимот на ЦСКА Софија. Првиот меч се игра на 21 јули и тоа на теренот на ФФМ, додека реваншот се игра на 28 јули во Софија (Бугарија).

ПретходноРеал (М) ја освои кошаркарската титула во Шпанија
СледноУтеха за Келце: Каралек е МВП на завршниот турнир