Само неколку дена по разделбата со Будуќност, Александар Џикиќ најде нов клуб. Поранешниот македонски селектор се сели во Израел, поточно во тимот на Хапоел Ерусалим.
Џикиќ на клупата на Будуќност имаше две епизоди, една од 2017 до 2018 и последната од 2021 до 2022 година. Со црногорскиот тим ја освои двојната круна, беше дел од завршницата во АБА-лига и Топ 16 фазата во Еврокупот.
Vreme je……😀😀
Odvajkada se, posle ne toliko dobrih godina, iz Crne Gore putovalo do Zida placa!#BeoBasket
— Misko4Raznatovic (@MiskoRaznatovic) June 18, 2022
Како негова замена се најавува актуелниот предводник на македонската репрезентација, Драган Бајиќ.