Романија по вторпат ја освои Европската сребрена лига

192

По вторпат во својата историја, Романија ја освои европската сребрена лига во одбојка. Во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта, Романците славеа со 3:2 (17:25, 25:21, 20:25, 25:23, 15:13) над репрезентацијата на Финска и успеаја да го повторат успехот од 2019 година.

Финците влегоа многу подобро во ова финале, имаа водство од 1:0 и 2:1 во сетови, но Романија двапати се враќаше за израмнување, и во клучниот „тај-брејк“ сет успеа да направи разлика која на крајот излезе недостижна за скандинавците.

Извонреден меч кај новите освојувачи на Сребрената лига имаа Асиобанитеи и Бала кои средбата ја завршија со по 14 реализирани поени. Кај селекцијата на Финска, Макинен со 21 поен беше најдобар реализатор.

ПретходноОхрид објави три нови засилувања
СледноВерстапен го задржа Саинц и за првпат во кариерата славеше на ГН на Канада