Судбината на Лукаку е само во рацете на сопственикот на Интер

343

Враќањето на Ромелу Лукаку во Интер е во рацете на претседателот на „нероаѕурите“, Стивен Жанг. Договорот со Челзи изгледа поблиску од кога било и се чека само одобрението на милијардерот.

Преговорите за парите и структурата на исплатата на позајмицата се водат неколку недели наназад, но новинарот Џанлука Ди Марцио најави дека е направен голем писчекор.

Интер првично се обидел да му понуди на Челзи 5 милиони евра плус бонуси, но „сините“ не се согласиле, што беше јасен знак за италијанскиот тим дека ќе биде принуден да понуди онолку, колку што сака тимот од Западен Лондон.

Според Ди Марцио, Интер ги прифаќа барањата на Челзи, па сега чека „амин“ од својот газда. Самиот Лукаку е подготвен значително да си ја намали платата, што веројатно е уште еден „пас“ за Интер на пат до реализација на трансферот.

 

ПретходноЛацио утре потпишува со Бразилецот од Шахтјор
СледноМарка со полноќна „бомба“: Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?