Утеха за Келце: Каралек е МВП на завршниот турнир

100

Човекот кој избори продолженија за Келце во денешното финале на ЕХФ Лигата на шампионите против барселона, Артем Каралек ја доби наградата за „Најкорисен играч на Ф4 турнирот“ во Келн. Каралек е годинешниот МВП на турнирот, што може да биде само утешна награда за него, откако неговиот тим не успеа по вторпат да се искачи на кровот на Европа.

Фантастичниот реализатор кај каталонците, Алеиш Гомез, кој денеска постоигна 9, а вчера во полуфиналето дури 12 гола сосема заслужено ја доби наградата за најдобар стрелец. Оваа сезона во ЛШ Гомез ја заврши со 104 гола.

ПретходноПознати термините и сатниците за евро – мечевите: И “пандевци“ ќе играат на ФФМ!
СледноДембеле побарал гаранции од Тухел за да пресели во Челзи!