Уште Ајнтрахт да каже „ДА“: Костиќ се договори со Јуве за 2,5 милиони евра по сезона!

213

Се чини дека Филип Костиќ, еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт и актуелен репрезентативец на Србија кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Тоа значи дека најтрофејниот клуб во Италија во нападот ќе го српскиот тандем Влаховиќ – Костиќ.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, фудбалерот и Јуве се договориле за соработка која би траела три години а Костиќ би добивал 2,5 милиони евра годишно.

Сега на ред е Ајнтрахт Франкфурт, Германците бараат отштета од 20 милиони евра, додека Јуве нуди „само“ 12 милиони. Сепак се очекува и двете страни да ги приближат своите барања и овој трансфер да се реализира.

ПретходноСуперкомпјутерот кажа: Франција ќе ја одбрани титулата на СП во Катар! (ФОТО)
СледноШпански репрезентативец нападнат и ограбен во Валенсија, неговиот брат завршил во болница!