По фудбалскиот клуб и кошаркарскиот клуб на Фенербахче направи тренерска рокада. Истанбулскиот великан го именува Димитрис Итудис за нов тренер на тимот кој потпиша договор на три години. Грчкиот стручњак доаѓа од редовите на ЦСКА Москва откако тимот не успеа да дојде до титулата во рускиот шампионат по поразот од Зенит.
На негово место во ЦСКА е именуван македонскиот тренер Емил Рајковиќ, а Итудис „слета“ во Фенербахче. Гркот потпиша договор на три години.
Инаку Итудис помина осум сезони во ЦСКА, два пати триумфирше во Евролигата (2016 и 2019) и седум пати беше шампион на Русија (со исклучок на 2022). Исто така два пати беше прогласен за најдобар тренер во Евролигата.
Со оглед на тоа дека Итудис е назначен и за селектор на Грција тоа значи дека ќе има двојна работа наредната сезона.
Welcome to 💛💙 family Coach Dimitris Itoudis! pic.twitter.com/n9GlkWczzc
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) June 19, 2022