Шкендија подготвува мега трансфер: Влатко Стојановски се враќа во Тетово

2507

Некогашниот прв стрелец во домашниот шампионат и македонски репрезенентативец Влатко Стојановски е на мета на тимот на Шкендија. Поточно, тетовци се во преговори за ангажирање на напаѓачот кој последно беше дел од тимот на Горица во Хрватска но летово си замина од таму. Шкендија планира следниот ПМФЛ шампионат да мине со нејзин печат што се вели па затоа летово сака да направи супер тим.

Влатко Стојановски своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во домашниот шампионат и тоа во дресот на Ренова. Направи мега трансфер во Франција, поточно во тимот на Ним во Франција за овој клуб никогаш не доби шанса. Беше исрпатен на позајмица во второлигашот, Шамбли, а потоа и во Горица. Ни таму не остави којзнае каков добар впечаток, па Шкендија очигледно сака да ја искористи оваа ситуација на Стојановски и да го привлече повторно во Тетово. Тука Стојановски повторно би бил главен играч што се вели и би ги имал сите погодности да ја врати старата препознатлива форма.

 

ПретходноПалоси е победник на ИТФ турнирот во Скопје
СледноАкадемија Пандев освојувач на Драган Манце купот во Белград