Тимот на Шкупи изминатиот период промовираше во домашниот ПМФЛ шампионат преку својот тим интернационци од повеќе земји. Што од Европа, што од Африка но и од Јужна Америка.
Голем дел од нив беа полн погодок, беа главната карика која на Чаир ја донесе толку посакуваната титула во изминатиот шампионат, па по тој терк управата се одлучи и летово да донесе напаѓач од за нас не така позната фудбалска територија.
Спортмедиа дознава дека нов напаѓач на тимот на Шкупи е интернационалецот од Јамајка, Реналдо Цефас кој во моментов има 22. години и има настапувано во домашниот тим на Арнет Гарденс, а на полседните 18. меча постигнал седум погодоци.
Тој секако дека ќе се бори за место во старниот тим со веќе неприкосновениот Адетунџи Сандеј кој изминатата година беше неприкосновено најдобриот напаѓач во нашиот ПМФЛ шампионат.