Шкупи загуби од Тирана

466

Актуелниот шампион Шкупи, предмалку на пријателски дуел во рамките од подготовките во Турција, загуби од тимот на Тирана со 0:2.

Ова за Шкупи е првиот дуел одигран во Турција, откако на стартот на самите подготовки одигра дуел против екипата на Балкани во Охрид.

Шкупи е нашиот претставник во квалификациите од Лигата на Шампионите ова лето, а покрај мечот со Тирана, во Турција се закажани уште и мечевите против Фенербахче на 22. и тимот на Хермандштат на 25. јуни

ПретходноИван Ивановски уште две години во Тиквеш
СледноОдлучи пенал – серијата: Кил го победи Веспрем во „утешното финале“!