Дани Олмо, некогашниот фудбалер на Динамо, сега на Лајпциг и репрезентативец на Шпанија, имал голема непријатна епизода во Валенсија, каде е на одмор.
Имено тој бил во друштво на неговиот брат, и излегувајќи од фризерски салон на сред улица бил нападнат од разбојници. Украден му е часовникот кој вреди 30.000 евра, притоа братот на Дани бил повреден откако се обидел да ја спречи кражбата, и завршил во болница.
ФОТО: Twitter