Јирген Клоп нема да тагува за Мане доколку челниците му ја исполнат желбата

462

Германскиот шампион постигна договор со Ливерпул, кој во замена за сенегалскиот играч за врска ќе добие 40 милиони евра.

Се очекува Садио Мане да потпише тригодишен договор со Баерн.

Јирген Клоп веќе одлучи кого сака да доведе како замена за сенегалскиот репрезентативец, а тоа е 26-годишниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Шпанецот има договор со Реал Мадрид на уште една година, но тоа не ги принудува челниците на европскиот и шпанскиот шампион да ја намалат висината на обештетувањето. Марко Асенсио летово може да се купи за 60 милиони евра.

Асенсио не би се противел на заминување од Реал Мадрид, но сака да замине во тим каде што би имал загарантирано место во стартниот состав.

Во Ливерпул, Марко Асенсио би бил на слична позиција како во Реал Мадрид, бидејќи Ливерпул веќе има директна замена за Сејди Мане, Луис Дијаз, со кој Шпанецот би се борел за место во првиот тим.

ПретходноПоранешниот македонски селектор брзо најде нова работа!
СледноКражба на летото – Ренато Санчез!