Репрезентативецот на Швајцарија и играч на Арсенал, Гранит Џака се наоѓа под истрага поради жолт картон добие на дуелот со Лидс Јунајтед во декември минатата година. При водство на неговиот тим од 4-1 го задржуваше времето добри дваесет секунди, по што судијата му додели жолт картон.
Оваа ситуација немаше да биде чудна доколку не се појавеше уплата од 52.000 фунти дека Џака ќе добие жолт картон во последните десет минути од мечот. Обложувањето е направено он-лајн, добивката изнесува 250.000 фунти.
Треба да се додаде дека Џака има добиено јавна опомена, минатата сезона доби 10 жолти и два црвени картони, што го прави најказнет играч во Арсенал.
Што ќе се случи ќе видиме наскоро, оваа ситуација не е нималку пријатна за фудбалерот, но и за Арсенал.