19.750 фанови ги гледаа полуфиналните битки во „Ланксес Арена“

186

Европа денеска ќе го добие името на освојувачот на трофејот во Лигата на шампиони за оваа сезона. Бранителот на тронот Барселона во финалето ќе се сретне со Кјелце.

Дека спектаклот во Келн е уникатен, говори и бројката на посетеност на полуфиналните пресметки.

Вкупно 19.750 навивачи беа на трибините да ги бодрат Веспрем – Кјелце и Барселона – Кил. На победа се радуваа навивачите на полскиот и шпанскиот тим, а се чини најтажни беа фановите на Веспрем, кој одново остана без шанса да дојде до првиот трофеј во Лигата на шампиони.

Финалната пресметка меѓу Барселона и Кјелце е закажана со почеток во 18 часот, претходно Веспрем и Кил ќе ги одмерат силите за бронзениот медал.

ПретходноЏака го чека драконска казна поради сомнително обложување?
СледноГолемо предупредување за Мане: Во Баерн ќе ги уништиш најдобрите две години!