Големо предупредување за Мане: Во Баерн ќе ги уништиш најдобрите две години!

506

Според новинарот, Фабрицио Романо, Садио Мане е на добар пат да потпише за Баерн Минхен, кој испрати одлична понуда до Ливерпул и истата беше прифатена. Разделбата беше неминовна, Мане по финалето во Лигата на шампиони на челниците им порача дека сака да си оди иако има договор до крајот на следната сезона.

Тој во Баерн Минхен доаѓа како земна за Роберт Левандовски, кој е на излезните врати на германскиот првак, а некогашниот напаѓач на Ливероул Дин Сондерс смета дека Сенегалецот ќе ја направи најголемата грешка.

„Немам ништо против клубот, но не е доволен предизвик за Мане. Секоја недела добиваат 5-0 и однапред е познат првакот. Тоа не е предизвик. Ќе седне во својата фотелја, ќе запали цигара, ќе заигра за Баерн во трета брзина и ќе ги упропасти најдобрите две години во својот живот како фудбалер. Не можам да верувам дека го напушта  Ливерул не знам како се случи тоа“, изјави некогашниот член на Ливерпул.

Мане минатата сезона со Ливерпул освои ФА Куп и Карабао Купот, исто така стигна до финалето на ЛШ.

Претходно19.750 фанови ги гледаа полуфиналните битки во „Ланксес Арена“
СледноПоранешниот македонски селектор брзо најде нова работа!