Коларов ја заврши играчката кариера и ги откри идните планови

216

Поранешниот капитен на српската фудбалска репрезентација Александар Коларов објави дека ја завршува играчката кариера. Поранешниот фудбалер на Чукарички, ОФК Белград, Лацио, Манчестер Сити, Рома и Интер ги закачи копачките на клинец, но ќе остане во Италија со тоа што ги откри и идните планови.
Го затворам ова поглавие од својот живот и им благодарам на сите што успеав да го остварам тоа што од секогаш бил мој сон. Сега сум насочен кон својот „друг“ живот во светот на фудбалот. Наскоро во Националниот фудбалски центар на ФФ на Италија во Коверчано почнувам со школување за спортски директор и скаут“, изјави Коларов.

ПретходноШкупи донесе напаѓач од Јамајка
СледноИван Ивановски уште две години во Тиквеш