Кражба на летото – Ренато Санчез!

1326

Со месеци се веруваше дека Ренато Санчез ќе го засили Милан, но новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос ја сврте ситуацијата.

Францускиот првак влезе во трката заедно со Милан и нуди многу повеќе пари за неговиот потпис. Досега Милан нема испратено понуда поголема од 15 милиони евра, додека ПСЖ е подготвен да плати 20 милиони евра и бонуси. Исто така, ПСЖ на Ренато и нуди плата од пет милиони евра по сезона и дополнителни бонуси, а Милан „само“ три и пол.

Санчез има договор со Лил до 2023 година, затоа е на продажба, а Луис Кампос е добро запознаен со неговите квалитети, бидејќи токму тој го донесе во Лил.

За потсетување дека Милан Шкринијар е прва желба за стоперска позиција, ПСЖ преговара со Интер, што докажува дека навистина има добар план за следната сезона.

ПретходноЈирген Клоп нема да тагува за Мане доколку челниците му ја исполнат желбата
СледноБарселона против традицијата на Ф4, уникатна шанса за семејството Душебаеви!