Најдобрата македонска пливачка, Миа Еминова-Блажевска урна рекорд на трката на 100 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Миа настапи на втората квалификациска трка на оваа делница и го освои третото место. Блажевска постави време од 1:04.11 минути што е подобро 30 стотинки подобро од нејзиниот досегашен рекорд на 100 метри грбно. Блажевска заврши на 30 место во квалификациите во конкуренција на 43 учесници.