Кајри ќе се пресели од Бруклин во Њујорк?

512

Кајри Ирвинг по се изгледа ќе го напушти Бруклин Нетс ова лето. Преговорите за иднината на ѕвездата на Бруклин не се развиваат во позитивна насока, а времето истекува.

Кајри има рок до 29 јуни да прифати опција за продолжување на договорот за уште една година вреден 37 милиони долари, но доколку не ја прифати, тој ќе стане слободен агент. Меѓу најголемите кандидати за Ирвинг се Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никс. Првите два тима ќе треба да разменуваат играчи за да го доведат брзиот плејмејкер преку таканареченото „потпишување и тргување“, додека Никс имаат буџет кој веднаш може да се вложи во неговата плата.

ПретходноВест Хем купи Мароканец за 30 милиони фунти
СледноПрвото засилување на Милан е фудбалер на Корк сити