Балша Цејович е нов ракометар на ГРК Охрид!

109

Екипата на ГРК Охрид се засили со ново име во своите редови. Десното црногорско крило ќе биде на располагање следната сезона на тренерот Горан Андоновски.

Цејович иако има само 22 години, има голема кариера зад себе. Има настапувано за Морнар во својата држава, за Паок и Диомидис во Грција и Бенидорм во Шпанија. Има настапувано во сите младински категории за Црна Гора, а беше и на поширокиот состав за европското првенство оваа година за сениорската репрезентација.

ПретходноМиротиќ удри по Јасикевичиус!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Петролул го претстави Мирко Ивановски