Баражи за ВМФЛ: Вардар (Н) со Караорман, Арсими против Овче Поле!

465

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за баражите за пласма во ВМФЛ. Па така ждрепката сакаше Вардар Неготино да се падне со Караорман, а втората двојка да биде Арсими против Овче Поле.

Победниците од овие два меча во следната сезона ќе играат во единствената ВМФЛ.

Инаку мечевите се закажани за во среда (22 јуни) и тоа со почеток од 17 часот.

Дуелот Вардар (Н) – Караорман се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, додека мечот Арсими – Овче Поле ќе се игра на стадионот во Ѓорче. Ако резултатот по истекот на 90 минути е израмнет, тогаш веднаш ќе се изведуваат пенали.

ПретходноШаќири го потврдува трансферот: Очекувам Стојановски денеска да ни се приклучи во Словенија!
СледноТалант го тешеше својот син Алекс Душебаев: Ти си најдоброто што го имам во животот!