Бенфика купи фудбалер од Шахтјор и му стави клаузула од 100 милиони евра

532

Португалска Бенфика го одврза ќесето и се пофали со трансфер. Даде 15,3 милиони евра за крилниот напаѓач Давид Нерес кој доаѓа на „Луж“ од редовите на Шахтјор Доњецк. Овој 25-годишен бразилски репрезентативец потпишува договор до јуни 2027 година, а во договорот Португалците ќе му вметнат откупна клаузула од 100 милиони евра.
Се работи за играч кој има седум настапи за Бразил, а во Шахтјор дојде во јануари оваа година за 15 милиони евра од редовите на Ајакс, но не заигра затоа што започна руската инвазија врз Украина. Тој мораше преку коридор да пребегне во Романија, а од таму да се врати во Бразил.
Откако УЕФА им дозволи на странските фудбалери да прават трансфери и покрај договорите му овозможи на Нерес да отиде во Бенфика.
Исто така Нерес играл и за Сао Пауло од Бразил.

ПретходноЧекон урна светски рекорд, златни медали за Ледецки, талентираната Пилато…
СледноРајан Гигс не е повеќе селектор на Велс