Женската репрезентација на Македонија до 19.години двапати поразена од Романија

259

Женската млада селекција на Македонија до 19 години ги одигра двата контролни натпревари против соодветната репрезентација на Романија.

Контролните дуели беа одиграни на стадионот Караорман во Струга.

 На првата пријателска средба одиграна помеѓу овие две репрезентации, Романија забележа победа со 6:1. Стрелец на единствениот погодок за нашата репрезентација беше Лора Сулејмани.

Во рамките на втората контролна пресметка, Македонија загуби, но одигра многу поквалитетно и подобро во одност на првиот дуел. Избраниците на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1. Голот за Македонија беше дело на Веса Села.

ПретходноФФМ организатор на првиот фитнес судиски семинар надвор од рамката на УЕФА…
СледноСкандалозно: Расизмот бил причина зошто Мбапе сакал да престане да игра за Франција!