Зидан по 16 години од “епизодата“ со Матераци: Само еден човек можеше да ме спречи… (ВИДЕО)

1206

Минаа точно 16 години од најпознатиот „фаул“ на Зинедин Зидан врз Марко Матераци. Тоа се случи во финалето на СП во Германија во 2006 година, кога Италијанецот провоцираше а Зизу не издржа и го “тресна“ со глава во пределот на градите „шегаџијата“ Матераци.

Подоцна Зизу стана славен тренер, со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои, а Марко пак е само екс – фудбалер и ништо повеќе.

За тој настан Зинедин Зидан по цели 16 години конечно проговори и рече дека жали за тоа што се случи, но и дека само еден човек можел да го спречи да не го направи тоа што го направил, но тој човек го немаше до него во тие моменти.

А тој човек е Биксент Лизаразу, славниот бек на репрезентацијата на Франција, долгогодишен член на Баерн Минхен, кој во 2004 престана да игра за “триколорите“. Имено да се потсетиме дека тој и Зидан заедно играа уште во Бордо и важат за големи пријатели…

Ни малку не сум горд на тоа што го направив тогаш, но тоа е дел од мој живот, не можам да го променам тоа што се случило. Во живото не можеш да направиш совршено. Тој ден само Биксент можеше да ме спречи да не го сторам тоа што го сторив“ искрено искоментира Зидан.

ПретходноМихајловски за „Спортмедиа“: Шокиран сум од ЕХФ, ќе се борам за Вардар до крај
СледноПавличевиќ со 12 одбојкари ќе патува на Медитеранските Игри