„Исфрлија“ играч од полската репрезентација поради Русија

323

Селекторот на полската фудбалска репрезентација Чеслав Михневич објави дека нема да го повика дефанзивецот Мацеј Рибус на Светското првенство во Катар поради тоа што фудбалерот одбил да ја напушти Русија. Информацијата ја соопшти полската федерација.
Одбранбениот фудбалер до крајот на сезоната играше за Локомотив Москва, а потоа премина во Спартак Москва како слободен играч.
Полјаците побараа тој да го напушти руското првенство, но тој продолжи да игра во руската Премиер лига.
Полска е цврст поддржувач на Украина во војната со Русија. Престојот на Рибус во Русија го сметаат како негова поддршка за агресорот. Тој нема да биде повикан за септемвриските натпревари во Лигата на нациите ниту на Мундијалот кој ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

ПретходноПрвото засилување на Милан е фудбалер на Корк сити
СледноПСЖ се сврте кон тренерот кој освои титула со Лил