Нашиот претставник во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, тимот на Македонија ЃП, веќе ги стартуваше подготовките. Од денеска „лавовите“ се во Маврово каде првиот тренинг веќе е одработен. Во следните седум дена момците на стратегот Муарем Бајрами ќе одиграат и две пријателски средби, и тоа во Кичево, и тоа со двете екипи од Косово.
На 22 јуни (среда) ривал ќе биде тимот на Дрита Гњилане, додека четири дена подоцна спаринг партнер ќе биде тимот на Лапи.
Да потсетиме дека Македонија ЃП на 21 и 28 јули, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конфереции се среќава со ЦСКА Софија.