Лоши вести: Вардар го губи местото во Лигата на шампиони?

812

Утринава стигнаа лоши вести за актуелниот македонски првак. Според специјализираниот интернет портал за ракомет „балканхендбол“, Вардар 1961 може да остане без местото во Лигата на шампиони за сезоната 2022/23.

Причината веќе не е ништо ново. Финансиската ситуација во клубот одново го кочи настапот на „црвено-црните“ . Минатата сезона раководството на ЕХФ бараше од клубот гаранција од еден милион евра за да биде дел од елитата во која има освоено две титули, во 2017 и 2018 година.

Детални информации засега нема, ниту колку пари се дадени тогаш, ништо. Она што е извесно дека поранешниот газда, Сергеј Самсоненко на голем дел од ракометарите им ги вратил долговите.

Ова ќе биде голем удар за македонскиот ракомет, бидејќи Вардар 1961 е единствениот претставник, гордост во европски рамки.

Официјалната одлука се чека на крајот на неделата. Да се надеваме дека првиот човек Михајло Михајловски ќе најде решение за целата ситуација.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Петролул го претстави Мирко Ивановски
СледноШаќири го потврдува трансферот: Очекувам Стојановски денеска да ни се приклучи во Словенија!