Марка со полноќна „бомба“: Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?

6072

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед би можел да се врати во клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година, со надеж дека повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Прво, италијанска „Република“ пред неколку дена објави информација дека Португалецот би можел да го напушти Јунајтед бидејќи наводно не се вклопува во визијата на новиот менаџер Ерик тен Хаг. Сепак, сега шпанска „Марка“ потсетува на изјавата на претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Тие наведуваат дека Перез тогаш рекол дека нема шанси Роналдо да се врати во Мадрид, но дека некои работи во меѓувреме се промениле.

„Најважно за Роналдо е да продолжи да игра во Лигата на шампионите. Тоа нема да може да го направи следната сезона со Јунајтед, кој беше шести во Премиер лигата. Роналдо има договор со англискиот клуб до јуни следната година и може да ја искористи Лигата на шампионите како аргумент за заминување од Манчестер Јунајтед“, пишува шпанскиот весник.

„Марка“ наведува и дека поради Лигата на шампионите во неверојатно сценарио Роналдо би можел да се врати во Спортинг од Лисабон.

„Ваквото сценарио ја исклучува можноста Роналдо да се врати во Спортинг. И покрај тоа што има 37 години, се чини дека Кристијано сака да продолжи да игра на највисоко можно ниво за да оди на Светското првенство во Катар. Перез летово беше концентриран на доведување Килијан Мбапе и потоа да каже дека Роналдо не е можност. Работите во меѓувреме се сменија, клубот бара напаѓачи и привремено решение може да биде доаѓањето на Португалецот. Сепак, нарушувањето на атмосферата во соблекувалната може да му наштети на тимот“, се вели во текстот. 

ПретходноСудбината на Лукаку е само во рацете на сопственикот на Интер
СледноПол Погба се пожали од Мурињо