Рајан Гигс не е повеќе селектор на Велс

426

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и актуелен селектор на Велс Рајан Гигс е принуден да се повлече од селекторската функција поради судскиот спор кој се води против него. Гигс е обвинет за физички напад на својата девојка, Кејт Гревил како и неговата помлада сестра Ема Гревил во неговиот дом во Ворсли во ноември 2020 година.

Гигс се изјасни како невин на сите обвинувања, но тоа мора да го докажува на суд, а одлучи да се откаже од селекторската функција на велшкиот национален тим и тоа неколку недели откако избори пласман на Светското првенство во Катар. Велс за прв пат по пауза од 64 години ќе игра на еден Мундијал.
Се повлекувам од селекторската функција на Велс. Ми беше чест и привилегија да ја предводам мојата земја, а оставам ФА на Велс, моите соработници и играчите да се спремаат за Мундијалот во Катар.
Пред мене е судска борба во Манчестер. Поради тоа не можам да се посфетам на менаџерските обврски. Случајот се одолговлечи, а не сакам ова да влијае на подготовките на Велс“, стои меѓу другото во соопштението на Гигс до ФА на Велс.

Роберт Пејџ најверојатно ќе го предводи Велс на СП во Катар. Тој е поранешен фудбалер на Шефилд Јунајтед и на Ковентри, а беше селектор на У21 селекцијата на Велс, а од 2020 година работи како помошник на Гигс. Toj до сега работеше како привремен селектор откако Гигс го обвинија за насилство пред две години поради што е покрената и судска постапка.

ПретходноБенфика купи фудбалер од Шахтјор и му стави клаузула од 100 милиони евра
СледноЕкс-шампион на Португалија исфрлен во 3 лига