Павличевиќ со 12 одбојкари ќе патува на Медитеранските Игри

181

Само што се вратија во Скопје, македонските одбојкари ги подготвуваат торбите за пат на Медитеранските Игри во Алжир. Селекторот на нашиот национален тим, Ратко Павличевиќ, во Оран на располагање ќе има 12 одбојкари, со мали промени во ростерот за разлика од Ф4 турнирот од Европската сребрена лига викендов во Унгарија.

Во списокот на патници за Оран се најдоа браќата Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Стефан Алексов, Владо Милев, Филип Деспотовски, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Филип Савовски, Васе Михаилов и Славе Наков. Во тимот ќе биде и повреденото либеро Костадин Ричлиев.

Македонија на МИ во Оран ќе биде во група со Египет и Италија. Првопласираните две селекции во групата ќе обезбедат пласман во следната фаза.

ПретходноЗидан по 16 години од “епизодата“ со Матераци: Само еден човек можеше да ме спречи… (ВИДЕО)
СледноСамуел Ето осуден на 22 месеци условно и ќе мора да плати 2 милиони евра