Пол Погба се пожали од Мурињо

246

Во документарен филм Пол Погба призна дека имал несогласување со Мурињо и дека тогашниот тренер на Манчестер Јунајтед му испратил фотографии од одморалиштето на покојниот поранешен агент на Погба, Мино Раиола.

„Се започна кога се повредив. Решив да одам во Мајами на лекување со сопругата. Папараците ме фотографираа мене и мојата сопруга, а Мурињо ги направи тие слики и му ги испрати на Раиола. Воопшто не ми се допадна тоа, и затоа го прашав: Дали си сериозен? Повреден сум и доаѓам на тренинг три пати на ден. Кој мислиш дека сум јас? Не сум како другите играчи“, изјави Погба во документарецот.

Погба често беше во втор план со Мурињо, кој наводно пред другите соиграчи го нарекува „вирус“ кој ја уништува атмосферата во клубот и го сметаше за еден од главните виновници за лошите резултати на Јунајтед.

„Мојата борба со Мурињо беше нешто ново за мене. Не сум навикнат на проблеми со моите тренери. Меѓутоа, кога би го сретнал сега, би се пошегувал со него. Не обвинувам никого“, додаде Погба.

И Погба наскоро би требало да го напушти Манчестер. Неговиот договор истекува и тој реши да се врати во Јувентус.

ПретходноМарка со полноќна „бомба“: Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?
СледноШалке не го откупи договорот, Чурлинов потврди: Се враќам во Штутгарт!