Константин Чешмеџиев (26) не чекаше многу откако се раздели со Шкупи, со кого ја освои шампионската титула во ПМФЛ. Имено дефанзивецот и некогашен стандарден член на младата репрезентацијата на Македонија од денеска и официјално е нов член на Славија Софија, клуб од елитната лига на Бугарија. Да потсетиме дека таму настапува и Ѓоко Зајков, актуелниот репрезентативец на Македонија.
Инаку Чешмеџиев досега во својата кариера играше за Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП, А. Пандев, Шкендија, Вележ, Шкупи и сега ќе го носи дресот на Славија од Софија.