Самуел Ето осуден на 22 месеци условно и ќе мора да плати 2 милиони евра

328

Некогашната камерунска фудбалска ѕвезда, Самуел Ето е осуден на условна казна од 22 месеци поради направени даночни измами во Шпанија. На судењето, Камерунецот одговорноста ја префрли на својот поранешен претставник Хозе Марија Месаљес, против кого има поднесено тужба за измама и злоупотреба на средства во управувањето со имотот на фудбалерот. Овој случај се уште е под истрага.

„Се соочив со фактите и ќе платам, но нека се знае дека тогаш бев дете и дека секогаш правев она што агентот ќе го побараше од мене“, изјави Ето.

Обвинителството побара Ето и Месаљес да бидат осудени на 4 години и 6 месеци затвор. На крајот, фудбалерот е осуден на 22 месеци затвор, а неговиот поранешен претставник на една година. Казната е ублажена бидејќи Ето и Месаљес се изјаснија за виновни, а исто така делумно ја надоместија штетата. Покрај условната казна, Ето е осуден и на четири парични казни во вкупна вредност од 1.810.310 евра. Месаљес ќе треба да плати 4 казни во вкупна вредност од 905.155 евра.

ПретходноПавличевиќ со 12 одбојкари ќе патува на Медитеранските Игри
СледноРеџепи од Шкендија направи трансфер во Партизани