Очигледно е дека нешто не е во ред меѓу Килијан Мбапе, првата ѕвезда на репрезентацијата на Франција и претседателот на Фудбалската федерација на таа земја Ноел Ле Грет. Имено вчера како “бомба“ одекна веста дека веднаш по завршувањето на ЕУРО 2020, кое се одржа лани ова време, Франција како светски првак беше елиминирана уште во 1/8 финалето, Мбапе сакал да престане да игра за “галските петли“. Причината според Ле Грет била таа што тој се чувствувал виновен по промашениот пенал на мечот со Швајцарија.
Сепак не било баш така. По неговата изјава следуваше “одговор“ на самиот Мбапе, кој на својот Твитер напиша дека точно е тоа дека сакал да престане да игра за Франција, но не поради промашениот пенал туку поради расизмот и навредите кон него од страна на фановите, кои биле претежно расистички.