Талант го тешеше својот син Алекс Душебаев: Ти си најдоброто што го имам во животот!

824

Кјелце имаше шанса да дојде до втората титула во Лигата на шампиони, но по изведување на пенали беше поразен од Барселона.

Трагичар на мечот беше Алекс Душебаев, беше единствен во својот тим кој не реализираше во серијата на изведување на удари од седум метри.

По мечот неговиот татко, кој е тренер на полскиот тим, Талант Душебаев на официјалната прес-конференција по мечот одржа емотивен говор.„Разочарувањето е големо особено кога ќе се загуби на ваков начин натпревар, во кој сте дале се од себе за да победите. Би сакал да му се заблагодарам од срце на Алекс Душебаев за настапите во целата сезона. Тој е најдобар ракометар во светот. Како тренер и како татко морам да кажам: Алекс, ти си најдобар, најдоброто што го имам во животот“, рече Талант Душебајев.

ПретходноБаражи за ВМФЛ: Вардар (Н) со Караорман, Арсими против Овче Поле!
СледноРоналдо го воодушеви светот со својот изглед и покажа дека му нема рамен (ФОТО)