Циндриќ: Испишавме историја, ова ќе паметам цел живот!

219

Лука Циндиќ успеа да го направи она што не му успеа со Вардар, да ја одбрани титулата во Лигата на шампиони. Хрватскиот ракометар синоќа заедно со Барселона испишаа историја, станаа првиот тим кој успеал да се искачи на тронот две години по ред, секако во новиот формат.

Каталонскиот гигант во финалето по пенали го совалда Кјелце и ја освои 11 титула во својата историја.

„Не знам што да кажам, пресреќен сум, горд на овие момци. Испишавме историја, не знам што да кажам други, ова ќе го памтам целиот живот“, рече Циндриќ, кој во Барселона е втора година, претходно беше дел токму од Кјелце откако замина од Вардар. 

ПретходноБронза со посебен сјај: Генерација чиј зенит ќе биде ЕП 2023!
СледноМиротиќ удри по Јасикевичиус!