Италијанецот Томас Чекон е нов светски рекордер на 100 метри грбно откако вечерва постави време од 51,6 секунди на Светското првенство во Будимпешта. Чекон за 25 стотинки беше побрз од досегашниот најдобар во оваа дисциплина Рајан Марфи кој го постави претходниот рекорд на ЛОИ во Рио во 2016 година.
Токму Марфи го овои сребрениот медал, а Хантер Армстронг доплива до бронзениот медал.
🚨WOOOORLD RECORD🚨
🇮🇹 Thomas Ceccon!!!!! ⏱️51.60 // 100m BACK #FINABudapest2022 pic.twitter.com/4cOU62pVTE— FINA (@fina1908) June 20, 2022
Во истата дисциплина, но во женска конкуренција триумфираше Италијанка и тоа 17-годишната Бенедета Пилато која стана најмладиот италијански пливач кој освоил златен медал уривајќи го претходниот рекорд на Новела Калигарис која освои злато на 800 метри слободно во 1973 година и тоа на 18 годишна возраст.
Во машката трка на 200 метри слободно триумф на Романецот Даниел Поповичи пред Сонву Хванг од Јужна Кореја и Том Дин од Обединетото Кралство.
А Кејти Ледецки го освои златниот медал на 1500 метри што е нејзино четвртото злато на Светските првенства во оваа дисциплина.