Шалке не го откупи договорот, Чурлинов потврди: Се враќам во Штутгарт!

478

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов се враќа во Штутгарт. Раководството на овој клуб и Шалке каде играше како позајмен играч не се договорија за откуп на неговиот договор.

Чурлинов имаше одлична сезона во Шалке успеаја да се вратат во Бундес-лигата, запиша два гола и шест асистенции. Од Штутгарт бараа три милиони евра за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец.

„Навистина уживав оваа сезона, во промоцијата на Шалке и одличните навивачи. Но, штом Шалке не успеа да се договори со Штутгарт и не сакаат да продолжам, тогаш се враќам назад. Со Штутгарт имаме две години од договорот. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме целта со тимот и да ги израдуваме навивачите во новата сезона“, изјави Чурлинов.

ПретходноПол Погба се пожали од Мурињо
СледноБронза со посебен сјај: Генерација чиј зенит ќе биде ЕП 2023!