Се чини дека Шкендија сепак ќе го “зграпчи“ Влатко Стојановски, повремениот репрезентативец на Македонија, одличен напаѓач, кој досега беше член на Горица.
Очигледно е дека Шкендија не се шегува, посакува квалитет во својот напад.
„Да, можам да потврдам дека Влатко Стојановски би требало да биде наш играч. Тој денеска е на лекарски прегледи и јас го очекувам во текот на денот да ни се приклучи на подготовките овде во Словенија. Во преговори сме со уште неколкумина, сакаме да се засилиме, тука нема ништо спорно. На секоја позиција сакаме да имаме по двајца квалитетни играчи“ вели за „Спортмедиа“ стратегот на тетовци Артим Шаќири.
Инаку Шкендија на подготовките во Словенија одлично тргна на пријателските. Два меча, две квалитетни изданија, реми со Ференцварош и победа со Марибор. Добро за Шаќири е што капитенот Ферхан Хасани игра екстра…
„Не е тајна дека игравме добро на двете средби, тоа ме прави среќен, само не треба сега да се дигаме во облаци што се вели. За мене најважно е што играчите имат професионален пристап, се работи напорно на тренинзите. Очекувам настапот во Европа да го дочекаме максимално подготвени“ ни изјави нашата фудбалска легенда и стратег на Шкендија.