Екс-шампион на Португалија исфрлен во 3 лига

490

Во далечната 1945/46 Белененсес беше шампион на Португалија и тоа е единствената шампионска титула на овој клуб во историјата. Притоа може да се пофали со три вицешампионски места (последната во 1973 година) и три пати го освоуваше Купот на Португалија и тоа во триесеттите години на минатиот век.
Денеска по административен пат Белененсес е префрлен во 3 лига затоа што не ги исполни условите за настап ни во Првата ни во Втората лига. Клубот се соочи со финансиски проблеми за кои не најде решение и поради тоа доби билет за третиот по ранг фудбал во Португалија.
Низ овој клуб минале дузина познати фудбалери, а меѓу попознатите се Рубен Аморим, екс-репрезентативец на Португалија, Андре Алмеида, Тијаго Алмеида, а играчи и тренери биле Жорж Жесус, Артур Жорге…

ПретходноРајан Гигс не е повеќе селектор на Велс
СледноТен Хаг прави мал „Ајакс“ во Манчестер Јунајтед